Состојки:
3-4 шолји ливчиња босилек
3 чешниња лук
100 г пармезан
1-1,5 дл маслиново масло
сол по потреба
(Ако имате, убаво би било да ставите и малку пињоли.)
Приготвување:
- Измијте го босилекот и измешајте го во блендер со лук и со пињоли.
- Додадете пармезан, постепено долевајте маслиново масло и мешајте додека се не се соедини во компактна смеса.
Напомена: Пестото правете го само од ливчиња босилек, а цветовите и гранките одвојте ги затоа што даваат горчлив вкус.