Состојки:
3 1/2 шолји јагоди
1/4 шолја јаворов сируп
Малку сол
2 лажици чиа семки
Семки од две лушпи од ванила
1 лажица сок од лимон
Приготвување:
- Помешајте ги јагодите, јаворовиот сируп, солта, ванилата и оставете ги да зовријат на средна температура – варете околу 10 минути за да омекнат, а потоа намалете ја температурата на најслабо, па со дробилка за компири згмечете ги јагодите за да се претворат во густа и мазна смеса – ќе биде доста воденесто, но тоа е во оваа фаза нормално.
- Помешајте ги чиа семките и оставете да се вари околу 15 минути – додека не се згусне и не испари течноста.
- Тргнете го тенџерето од оган, па додадете ги сокот од лимон и ванилата. Ставете ја смесата во фрижидер да се олади непокриена.
Вака подготвен пекмезот може да стои во фрижидер 2 недели, а ако сакате да го подготвите за зимница, додадете му некој зацврснувач и конзерванс за да може да трае подолго.