Палачинки од тиквички

Сега е време за тиквички, а доколку и вам ви се омилени, имате навистина многу варијанти во кои можете да ги приготвите

0
619

Состојки:

2 средни тиквички, рендани
2 главици кромид, ситно сечкан
¼ шолја магдонос, сечкан
1 чешне лук, згмечено
2 јајца
¼ шолја рендан кашкавал
6-8 лажици брашно
Сол и црн пипер по вкус
Маслиново масло

Приготвување:

1. Изрендајте ги тиквичките и ставете ги во голема чинија. Додадете брашно, кромид, лук, магдонос, јајца, кашкавал, сол и црн пипер.
2. Загрејте поголема тава на средна температура и ставете масло.
3. Кога ќе се загрее маслото, ставајте по една лажица од смесата и пржете ги отприлика по 2 минути од двете страни.
4. Јадете ги додека се топли.