Направете холандски леб во тенџере (ВИДЕО)

Никогаш не би се сетиле дека леб може да се направи и во тенџере со капак. Велат дека е мек и воздушест и дека се топи во уста. Ќе пробаме, па ќе ви кажеме...

0
1672

Состојки:

600 г брашно

2 шолји млака вода

1 ипол лажичка сол

1 сув квасец

Приготвување:

  1. Помешајте ги квасецот и водата и оставете квасецот да надојде. Во голема чинија измешајте ги брашното и солта, а во средината направете мала вдлабнатина и ставете ја во неа водата со квасецот. Замесете со раце, а претходно навлажнете ги рацете за да не ви се лепи тестото.
  2. Тестото треба да биде цврсто и мазно и да се одвојува од ѕидовите на садот. Покријте го со крпа и оставете го да нарасне.
  3. Кога ќе нарасне, месете го уште малку, намачкајте ја чинијата со маслиново масло, ставете го тестото повторно внатре, па оставете уште да расте.
  4. Загрејте ги рерната и тенџерето во кое ќе го печете лебот и во врелото тенџере ставете го тестото, поклопете го со капак и ставете го да се пече. Кога е скоро печено, тргнете го капакот и печете уште десетина минути.