Постојат јанси правила за тоа кои намирници можат, а кои не е препорачливо да се комбинираат. Само придржувајте се до планот за исхрана на нутриционистите и нема да згрешите.
Никогаш заедно
Јаглени хидрати и киселини
Намирниците богати со јаглени хидрати и намирниците кои содржат големи колчини киселини не би требало да ги јадете во ист оброк. Избегнувајте во ист оброк да јадете компир, ориз или леб во комбинација со домати, лимон или кисели краставички. Ензимот птијалин, кој јаглените хидрати почнува да ги разградува уште во устата, го убива дури и најмала концентрација на киселини. Потоа може да ни биде тешко затоа што варењето е отежнато. Доматите не би требало да ги комбинирате со намирници богати со скроб затоа што големата концентрација на киселини присутна во доматите, го отежнува процесот на разградување на скробот.
Идеална комбинација: домати со мрсна храна или со лиснат зеленчук.
Протеини и јаглени хидрати
Протеините и јаглените хидрати не би требало да ги јадете заедно. Тоа значи дека јаткастите плодови, месото, јајцата, сирењето или останатите намирници богати со протеини не би требало да ги јадете со бел леб, житарки, компир, слатко овошје. Значи компирите со месо и мусаката се многу лоши за вашето здравје. Јаглените хидрати го кочат лачењето на сокови неопходни за варењето. Во организмот намирниците остануваат премногу долго и предизвикуваат гасови и токсини.
Овошје само на празен стомак
Овошјето треба да се јаде пола час пред оброк или три часа после оброк.
Протеини и кисело овошје
Месото, јајцата, млекото, сирењето не треба да ги јадете во исто време со портокали, домати, лимон, ананас….Киселото овошје го нарушува варењето на протеините.
Пожелни комбинации
Месо
Црвеното и белото месо одлично се комбинира со зеленчук.
Рибата се комбинира со ориз и со компир.
Компири и тестенини
Компирите и тестенините можете да ги јадете со зеленчук и со печурки.
Овошје
Секој ден треба да изедете барем едно овошје. Порција од 300 г овошје дневно, е доволна, а сѐ повеќе од ова предизвикува проблеми со варењето.