За сите кои решиле да водат здрав живот…

Сѐ што мислите дека кај нас не може да се најде, а е дел од сите оние рецепти за здрави оброци што сте ги виделе некаде, сега гo има на едно место

0
430

Во Центарот за здрава исхрана, Ајурведа, Јога и медитација, во центарот на Скопје навистина има сѐ што мислите дека кај нас го нема додека пребарувате по рецептите за здрава храна во обид да најдете нешто што ќе биде и здраво и вкусно.

Рецепти колку што сакате, но сите оние непознати и за нас невообичаени состојки во нив ве обесхрабруваат. Сѐ додека не влезете во ова убаво, пространо, чисто, светло и иако на една од најпрометните улици во градот (булеварот „Св. Климент Охридски“), сепак мирно и тивко место кадешто освен што ќе ги најдете сите потребни здрави состојки, зачини, брашна, масла, тестенини и слично, ќе ги добиете и сите можни совети за вашето здравје и добрата енергија.

За време на викендите тука се одржуваат анти-стрес програми и медитативни часови.

Во центарот се одржуваат и часови по јога за сите возрасти кои ги водат обучени учители.