Откриен лек против мамурлак кој проверено функционира

0
295

Бројот на рецепти кои проверено ги ублажуваат последиците од бурната алкохолна ноќ е веројатно еднаков на бројот на пијалоци кои сме можеле да ги испиеме. Но сега постои еден зад кој застанала и науката. Австриската научна агенција CSIRO на својот блог објавила дека нивното истражување покажало дека во превенцијата на мамурлакот можат да помогнат крушките. Освен тоа, тие го наведуваат и снижувањето на холестеролот, противвоспалителното дејство како и помошта при опстипација. Многу народни лекови и совети кои ќе го спречат мамурлакот бараат и некои подготовки пред алкохолизирањето, но тоа на многумина не им е во тој момент високо на листата на приоритети. Затоа сокот од круши изгледа како прилично едноставнa постапка која би можела да помогне. Научниците наведуваат дека крушите, особено сокот од корејски круши, битно ги намалува симптомите на мамурлак. Тоа најдобро можело да се види на способноста на испитаниците да бидат сконцентрирани.

Главната научничка Мени Ноакес наведува дека причина за ова е тоа што крушите влијаат на ензимите во метаболизмот на алкохолот, односно, му помагаат на телото да го свари и да го отстрани алкохолот или да го намали неговото апсорбирање. Но научниците додаваат дека се ова прелиминарни студии и дека резултатите треба допрва да се финализираат, но не е штета да се проба.