Состојки:
2 парчиња сладок компир
2 обични компири
Младо кромитче
300 г буковки
Сол
Бибер во зрна
Маслиново масло
Ловоров лист
Италијанска мешавина од суви зачини (рузмарин, мајчина душица и босилек)
50 грама тврд кашкавал
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 200 степени.
- Измијте ги убаво компирите и излупете ги па исечете ги грубо на поголеми парчиња и ставете ги во тавата за печење.
- Буковките избришете ги и ставете ги врз компирите
- Ставете маслиново масло, зачини и многу малку вода и печете околу 20 минути.
- На крајот изрендајте малку кашкавал.