Новогодишен ручек од Жан Митрев: Зајачки гулаш (ВИДЕО)

0
1542

Едно од најздравите меса, според она што го слушнавме од доктор Жан Митрев, е зајачкото месо за кое вели дека има најмалку заситени масни киселини и е богато со протеини. Со оглед на тоа што зајците многу малку можат да ја поднесат вештачката исхрана и антибиотиците кои обично се користат во производството на другите видови месо, зајачкото месо е најздраво и препорачливо за консумирање.

Се разбира, како што препорачува доктор Митрев, најдобро е да се зготви со свинска маст и во комбинација со малку сланина и прилог од црвена зелка и кнедли од леб.