Нов хит: Сладолед од зеленчук

Сладолед од ванила и јагоди? Баталете, сега хит во светот се необичните комбинации од овошје со спанаќ, морков, тиквички, листови од нане, тревки и зачини

0
345

Иако слаткарниците веќе долго во својата понуда на омиленото летно освежување немаат само сладолед од ванила или јагоди, на пазарот постојано се појавуваат нови и нови необични комбинации.

Специјалистите за изработка на сладолед во Германија сега нудат сладоледи со вкус на зеленчук.

На пример, слаткарницата Oak & Ice во Берлин продава сладоледни купови од цвекло, додека пак Kontor Eismanufaktur, неколку улици понатаму, нуди сладолед со вкус на краставица и нане. Во меѓувреме, организаторите на саемот на сладоледи Gelatissimo International, кој ќе се одржи следната година во Штутгарт, велат дека во иднина очекуваат уште повеќе сладоледи со вкус на зеленчук.

„Необичните комбинации како овошје со спанаќ, морков, тиквички, листови од нане, тревки и зачини се веќе сега достапни“, се наведува во најавата на овој фестивал.

Како што е случај и со многу други најнови прехранбени навики, зад идејата за сладоледите со вкус на зеленчук стои грижата за здравјето, со оглед на тоа што зеленчукот се поврзува со поголемата грижа за здравјето.