Состојки:
1 пакување (400 г) свежи њоки
1 лажица маслиново масло
Малку путер
1 голем кромид
500 г печурки по ваш избор
2 чешниња лук
150 г сино сирење
Магдонос
Приготвување:
1. Во тенџере ставете вода да зоврие и сварете ги њоките според упатството. Кога ќе испливаат на површината, значи дека се готови.
2. Во меѓувреме ставете ги во тавче маслото и путерот и додадете ги исечканиот кромид и печурките. Динстајте ги кратко а потоа додадете го иситнетото лукче, варете уште 1-2 минути и додадете ја мешавината кај њоките.
3. Додека е топло ставете го одозгора и сирењето за да се стопи и поросете со ситно исечкан магдонос.