Куглоф од рогач и јаболки

Ова е вистински есенски колач заради богатите вкусови на рогач, јаболки и, секако, темно чоколадо

0
239

Состојки:

4 јајца
½ шолја кафеав шеќер
1 шолја мелен рогач
1/5 шолја брашно
1 шолја растопен путер
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажица какао
1 прашак за пециво
Малку сол
5 лупени јаболки
За прелив:
200 г темно чоколадо + 2 лажици путер
Напомена: шолја од 250 мл

Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 180 Ц. Калапот за куглоф намрсете го и поросете го со брашно доколку не е силиконски.
2. Ислупете ги и изрендајте ги јаболката
3. Во еден сад измешајте ги брашното, рогачот, какаото, прашакот за пециво и солта а во друг измешајте ги јајцата и шеќерот, додадете го путерот, ванилата и смесата од брашно и рогач како и ренданите јаболка.
4. Печете ја смесата околу 50 минути, а кога ќе се олади, извадете го колачот од калапот и прелијте го со приготвениот прелив од растопено чоколадо и путер.