Неколку свежи сливи на ден ќе ги зајакнат коските и ќе го намалат ризикот од рак на дебело црево

Има податоци кои покажуваат дека 100 г сливи дневно во период од три месеци значително ги зголемува маркерите во крвта кои покажуваат зголемување на густината на коските

0
307

Ако секој ден јадете по 12 сливи, и така правите цели два месеци, значително ќе го спуштите нивото на холестерол во крвта, тврдат научниците. Покрај тоа, ќе ги зајакнете коските и ќе го намалите ризикот од заболување од рак на дебело црево.

Антиоксидансите од сливите ги уништуваат слободните радикали кои можат да доведат до оксидација на холестеролот, кој значително го зголемува ризикот од мозочен удар или висок холестерол.

Сливата е богата и со влакна и затоа е задолжителен избор во случај на отежнато празнење и запек. Дихидрокси-фенил изатин е една од состојките на сливите, поради кои, меѓу другото, ова овошје има лаксативно дејство.

Има податоци кои покажуваат дека 100 г сливи дневно во период од три месеци значително ги зголемува маркерите во крвта кои покажуваат зголемување на густината на коските.

Сливите имаат низок гликемиски индекс, што значи дека можат да помогнат во контрола на нивото на шеќер во крвта и така го намалува ризикот од дијабетес тип 2. Истражувањата покажале дека тие можат да го намалат и нивото на триглицериди и на глукоза во крвта, а за ова е заслужен лутеинот. Исто така, флавоноидите во сливите го намалуваат ризикот од отпосност на инсулин, а позитвно влијаат и на инсулинската осетливост.

Сливите се богати и со бакар. Овој минерал во човековиот организам е одговорен за создавање на колаген и еластин – врзувачките претеини на ткивата. Затоа може да се каже дека сливите се важни не само за јакнење на коските, туку и на ѕидовите на крвните садови, мускулните влакна и кожата.

Во овој период од годината сливите би требало да се јадат свежи затоа што содржат витамини Ц, Б6, Б2, Б3, К, магнезиум, железо, калциум и дури 240 мг на 100 грама калиум. Калиумот во сливите има добро влијание на крвниот притисок, како и на здравјето на срцето. Овој минерал е одговорен да не дојде до згуснување на тромбоцитите, процес кој е причина за атеросклероза и други срцеви болести.

Фото: Pixabey