Кои намирници не смеете да ги комбинирате со антибиотици?

Во повеќето случаи, со одбирањето погрешни намирници многу од нас го намалуваат дејството на антибиотиците. Затоа лекарите препорачуваат да избегнувате грејпфрут, млечни производи, а алкохол дури и 72 часа откако е завршен третманот со антибиотиците.

0
482

Храната стапува во интеракција со лековите на три начини – со блокирање на апсорпцијата на лекот во целост, со забавување на неговата апсорпција или со попречување на начинот на кој организмот го разложува лекот. Во повеќето случаи, со одбирањето погрешни намирници многу од нас го намалуваат дејството на антибиотиците.

Ако лекарот ви препишал антибиотици, многу е важно при нивното земање да ги следите упатствата и да ги земате како што ви е кажано, како и да ги избегнувате следните намирници.

Грејпфрут

Одредени соединенија од грејпфрутот се разградуваат во црниот дроб со истите ензими како и антибиотиците. Со консумирањето на грејп, во црниот дроб доаѓа до нецелосно разложување на антибиотиците и нивно таложење во организмот, понекогаш и до токсични нивоа.

Млечни производи

Одредени студии сугерираат дека претераното внесување калциум ја попречува апсорпцијата на антибиотиците во цревата. Во тој случај не доаѓа до целосно делување на лекот. Сепак, при земањето антибиотици се препорачува консумација на јогурт со пробиотички култури.

Алкохол

Мешањето на алкохолот со антибиотици може да предизвика одредени нус појави како вртоглавица, мачнина и забрзана работа на срцето. Лекарите препорачуваат да избегнувате алкохол за време на земањето на антибиотици, но и 72 часа откако е завршен третманот со антибиотиците.

Шеќери и квасец

Во повеќето случаи, терапијата со посилни антибиотици завршува со габична инфекција со кандида. Затоа, избегнувајте намирници со висока содржина на шеќер и квасец за да го избегнете размножувањето на овие габи во организмот. Се препорачува и земање одредени пробиотици за да се спречи настанување на габична инфекција.

Фото: Pixabey