Направете домашен сируп против кашлица

Еве како сами да си направите сируп од природни и здрави состојки против кашлица

0
507

Во овој период од годината, кога е честа појавата на кашлица, за среќа, не мора секогаш да посегнувате по лекови. Сируп кој ќе ја излекува вашата кашлица можете да си направите и самите дома.

Потребни ви се:

Два лимони

200 г шеќер

Две лажици жалфија

Две лажици анис

Две лажици корен од бел слез

Две лажици ленено семе

Приготвување:

Прво добро измијте го лимонот и исечкајте го на коцки, па додадете ги останатите состојки и ставете сѐ во два децилитри вода, па варете 20 минути. Потоа исцедете – најдобро е да го направите тоа преку газа, но можете и со цедалка, и ќе добиете помало тегличе сируп.

Земајте од него два до три пати дневно по 1 лажичка и би требало кашлицата полека да се смирува, додека сосема не престане.

Фото: Pixabey