Намалете го ризикот од Алцхајмер и патем, ослабнете

Таканаречената диета за мозок е популарна и кај помладите и кај постарите затоа што се јаде сѐ, а се намалува ризикот од деменција за 53 отсто. Освен што е добра за мозокот, со оваа диета ќе ги намалите и килограмите.

0
1019

Со диетата за две недели нема да изгубите 10 килограми, но ќе го намалите ризикот од Алцхајмерова болест и ќе ослабнете. Според студијата на универзитетот Раш, оваа диета го намалува ризикот од деменција дури за 53 отсто.

Комбинацијата од две диети – медитеранската и режимот на исхрана за намалување на висок притисок, не ветува чуда, но токму зата има многу следбеници кои тврдат дека имаат повеќе енергија, а изгубените килограми не се враќаат.

Со оваа диета може да се јаде сѐ, но во умерени количини. Нема броење на калории, ниту пак е важно во којпериод се јадат одредени намирници, па е едноставно да се следи. Тоа е така затоа што што фокусот во оваа диета е на внесувањето намирници кои се здрави за мозокот, а не на слабеењето.

Диетата се состои од 15 групи намирници, десет здрави и пет нездрави.

Во првата група се:

  • Зелен лиснат зеленчук
  • Маслиново масло
  • Вино
  • Јаткасти плодови
  • Зрнесто овошје
  • Риба
  • Грав
  • Житарки
  • Пилешко и мисиркино месо
  • Зеленчук.

Втората група чие внесување е ограничено, ја сочинуваат:

  • Црвено месо
  • Путер
  • Кашкавал и сирење
  • Пецива
  • Слатки и пржена или брза храна.

Иако станва збор за нмирници од категоријата на нездрави намирници, не значи дека треба целосно да ги исфрлите од менито, туку треба само да го ограничите нивното внесување. Така на пример, пецивата и слатките можете да ги јадете пет пати неделно, а црвено месо е дозволено на менито 4 пати.

Најрестриктивни правила важат за путерот, сирењето и кашкавалот, пржената и брза храна, чие внесување се ограничува на една порција во текот на една недела.

Од друга страна, секој ден би требало да се консумираат три порции житарки, зелена салата и друг зеленчук. Маслиновото масло би требало да биде вашиот пв избор кога ги приготвувате оброците. Секој втор ден јадете пола шолја грав, а за ужина јаткасти плодови. Најмалку два пати неделно на трпезата нека се најдат месото од кокшка или од мисирка и пола шолја зрнесто овошје, а еднаш неделно уживајте во риба.

Кејт Патон, нутриционист на клиниката во Кливленд вели дека комбинацијата на слаби протеини, омега 3 масните киселини и влакна, со ниското ниво на додаден шеќер и заситени масти, се намалува ризик од деменција. Студијата покажала дека дури и луѓето кои не го следеле стриктно овој режим на исхрана, го намалиле ризикот од Алцхајмерова болест за значајни 35 проценти. Студијата покажала дека преоѓањето од преработена храна на житарки ги намалува маснотиите и телесната тежина. Од претходно е познато дека зголеменото внесување на зеленчук и избегнувањето на пржена и брза храна ги топи килограмите.

За да бидете сигурни дека ќе ослабнете, Патон сугерира да водите сметка за порциите, затоа што дури и кога јадете здрава храна во неограничени количини можете да се здебелите. Една лажица маслиново масло има 119 калории, спарете ги јаглените хидрати со протеини кои ќе го намалатнападот на глад и желбата за шеќер, па брзо ќе стигнете до саканата тежина.

Фото: Pixabay