Најубави професии: Пробувачи на чоколадо, кашкавал и – краставици

0
513

За дегустаторите на чоколади некако најмногу се пишува, па така веројатно сте слушнале и за Ангус Кенеди, стручњак за чоколадо, кој за најдобар го прогласил токму германскиот квалитет на чоколадо, но постојат и сосема нови гастро професии кои можеби и вие ќе ги посакате.

Џордан Зимерман од Тексас на пример има работа од соништата барем за оние кои се љубители на кашкавал. Освен што води продавница со кашкавали и сирења, таа ги дегустира и примероците кои ги продава, организира и работилници за сите љубители на кашкавал.

Иако сакала да биде политичарка, сосема случајно се нашла во светот на храната, за недолго по вклучувањето во проект на факултетот, се вклучила во тамошниот клуб на љубители на сирења. По факултетот одлучила да побара работа во Њујорк па така се нашла во Murray’s Cheese, позната продавница за сирења. Денеска работи работа која ја исполнува и ја пренесува својата љубов кон сирењата и на другите.

Good Fat, поп ап ресторан во Австралија, пак, неодамна распишал конкурс за пробувач на авокадо. Освен самото авокадо, оваа работа подразбира и испробување на јдења од авокадо, а главен услов е последните две години да се јаделе поголема количина на авокадо тост. Исто така, платата за оваа работа не е парична, туку се конпензира со залихи авокадо.

Маик Метцке пак има навистина необична работа. Тој е пробувач на кисели краставички. Растејќи во Сприволд, место во Германија, почнал да работи со тамошната фабрика на кисели краставички Spreewald gherkins. Неговата работа е тестирање на киселите краставички со цел да се провери квалитетот, но и да се осмислат новите вкусови.

Секоја година оваа фабрика произведува повеќе од две илјади тони кисели краставички, па така овој поранешен берлински готвач, во своето осумгодишно искуство на пробување краставички, испробал цела палета од оваа за многумина омилена зимница. Од оние класичните, па се до оние со необични вкусови како што се краставичките со кари и со чили. Тој, за порталот Munchies вели дека никогаш не пробал краставица која би ја сметал за навистина лоша. Тестирање на краставици прави секои два месеци и вели дека најмногу проблеми му задало креирањето на слатки краставици со чили. Но како што вели, таа работа и не е толку тешка и може да ја извршува секој што е добар готвач и сака да испробува нови вкусови.