Јапонски ресторан во кој сами си го ловите оброкот

0
974

Овој ресторан им дава на гостите можност самите, среде ресторанот да си ја уловат рибата што потоа ќе им биде подготвена по нивна желба.

Оваа франшиза позната како Zauo веќе ја има на 13 локации во Јапонија, а наскоро се очекува и првиот угостителски објект во Њујорк. Целиот концепт на ентериерот на нивните ресторани е направен во знак на рибарењето. Масите за јадење се наоѓаат во една голема конструкција налик на брод, додека во самиот центар на објкектот има голем базен во кој имма дури 10 вида риби.

Гостите кои се расположени за тоа, им се нуди опција самите да си го уловат својот оброк. Се што треба да направат е да го информираат персоналот што им се јаде и тие е се потрудат да и обезбедат соодветна опрема за рибарење (стап, мрежа, и што е најважно, адекватен мамец).

Кога ќе го уловите саканото парче, готвачите е ви го подготват по желба, онака како што ќе посакате. Најдобро од се е што ова искуство нема да ве чини повее, дури напротив, пресметано е дека на овој начин ќе платите во просек 7,5 долари помалку за јадењето отколку ако само го нарачате саканото од менито.