Состојки:
4 јајца
5 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
2 големи лажици брашно
200 г млечно чоколадо
250 г темно чоколадо
250 г путер
Крем:
400 мл павлака за шлаг
250 г темно чоколадо
Пола шлагфикс
Украсување:
500 мл павлака за шлаг
Приготвување:
- За тестото стопете ги на пареа двата вида на чоколадо.
- Измешајте ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа додадете го стопеното чоколадо со путерот и додадете го брашното. Мешајте додека состојките не се соединат.
- Ставете ја смесата во намрсен калап и печете околу 40 минути на 160 степени.
- Топлиот бисквит полека натопете го со топло млеко. За кремот загрејте ја павлаката за шлаг и во неа стопете го чоколадото.
- Изладете во фрижидерот околу 1 час.
- Извадете го кремот од фрижидерот и додадете пола шлагфикс и мешајте.
- Прелејте го кремот врз изладениот бисквит. Вратете ја тортата во фрижидер, а кога добро ќе се излади украсете ја со изматена павлака за шлаг.