Мрзлива палачинка

Ви се јадат палачинки ама не сакате да изгубите еден час во пржење, додека тие исчезнуваат од чинијата побрзо отколку што вие можете да ги направите? Еве го рецептот за таканаречената мрзлива палачинка. Побрзо здравје!

0
2354

Состојки:

3 јајца

1 шолја млеко

1 ипол шолја брашно

малку сода бикарбона

1 шолја кисела вода

малку путер

Приготвување:

Се матат сите состојки како за обични палачинки. Тепсијата се подмачкува обилно со путер и се става во загреана рерна да се стопи и да се загрее. Кога ќе се загрее путерот, се вади тепсијата и се става во нив подготвената смеса. Се става во рерната и се пече околу 20 минути на 180 степени.

Кога е готова, се премачку со фил по ваша желба (ние ја намачкавме со домашен мармалад од кајсии) и се витка во ролат. Се сече на парчиња.