Состојки:
100 г путер на собна температура
100 г шеќер
2 јајца
1 шолја пире од батат
2 лажици мед
1 лажичка ванилин шеќер
3 лажици млеко
2 шолји брашно
1 прашак за пециво
100 г мелени ореви
Малку сол
Малку цимет
Приготвување:
- Во еден сад помешајте путер, шеќер и ванилин шеќер додека не добиете компактна смеса
- Додавајте во смесата едно по едно јајце па на крајот и пирето од батат и млекото.
- Кога ќе измешате убаво додадете ги брашното и прашокот за пециво, циметот и солта, а на крајот и оревите
- Помешајте и ставете се во калап за печење. Печете околу еден час на 180 степени