Еве како изгледа еден „лесен појадок“ од пача, салата од леќа и жива туршија на кој подлегнавме викендов. Па има ли нешто поздраво?
Појадокот се состои од домашно приготвена пача за која рецептот можете да го најдете тука, салата од леќа со малку сланина и најубавата жива туршија од карфиол, моркови, пиперки и кисели краставички. Секако, мора да изедете и две-три парченца црно лепче и некоја маслинка. Верувајте, денот ќе ви врви како подмачкан. Појадокот не им се препорачува на вегетаријанци бидејќи содржи „месни култури“, но останува идејата да си сервираат салата од леќа без сланина, жива туршија и лепче. За жал, не постои веге замена за „месните култури“ во пачата.