Состојки:
1 чаша брашно
1 чаша гриз
1 чаша шеќер
1 прашак за пециво
1 ванилин шеќер
1 кг јаболка
Цимет по вкус
200 г путер
Приготвување:
- Измешајте ги сите суви состојки (брашно, шеќер, гриз, прашак за пециво).
- Изрендајте ги јаболката и зачинете ги со ванилин шеќер и со цимет.
- На намрсена тава ставете ред суви состојки, па ред јаболка и цимет и така повторувајте додека не се потроиши целиот материјал. На врвот изрендајте го путерот кој ќе и даде сочност на питата.
- Печете 30 минути на 180°C во претходно загреана рерна
Мерката за чаша во овој рецепт е 3 дл.