Мрзелив зелник

0
1243

Состојки:
За кората:
3 јајца
4 лажици брашно
200 мл млеко

За филот:
1 кг спанаќ
100 г дробено сирење
200 мл зејтин
4 лажици брашно
1 кесичка прашак за пециво
1 лажица мешани зачини
4 јајца

Приготвување:
1. Вклучете ја рерната на 250 степени
2. Исчистете го спанаќот и исечкајте го.
3. Ставете во тенџере 200 мл зејтин и додадете го спанаќот. Пржете со повремено мешање се додека водата не испари (околу 10 минути). Потоа тргнете го од ринглата и додадете 4 лажици брашно, прашакот за пециво, зачините, сирењето и 4 јајца. Мешајте после секоја додадена состојка.
4. Подмачкајте ја тепсијата за печење и ставете ја смесата со спанаќ и израмнете ја со лажица.
5. Во еден сад ставдте 3 јајца, 4 лажици брашно и 200 мл млеко и и добро изматете.
6. Со оваа смеса прелијте го спанаќот и ставете во претходно загреана рерна.
7. Се пече околу 25 минути на 200 степени.
8. Кога е готов зелникот се покрива со крпа и се остава десетина минути пред да се послужи.