Денеска е светскиот Пи, но и Пита-ден

0
304

Меѓународниот ден на бројот Пи, во чест на еден од светски најпознатите математички симболи се прославува традиционално, секоја година на 14.март. Овој датум е одреден затоа што трите бројки (3-бројот на месецот и 14-датумот), значи, 3, 1 и 4 се првите три значајни цифри на Пи.

Во 2009 година, Претставничкиот дом на САД го поддржал назначувањето на Пи ден, но најстарата официјална прослава на овој ден била организирана од страна на физичарот Лари Шо во 1988 година во Сан Франциско. На овој ден Лари Шо и персоналот на Експлораториум кадешто Шо работел како физичар, марширале околу една од кружните простории, а потоа ја продолжиле прославата со јадење овошни пити.

Имено, денот на бројот Пи вклучува разни активности, како парадирање во кругови, рецитации на бројот, како и јадење на пити. Зошто токму пити? Затоа што на англиски, пита и Пи се изговараат исто (пај).

Ние, се разбира, ќе им го посветиме денот на питите. Па ако ви е потребен изговор да го направите овој специјалитет, тогаш одберете го токму овој ден и прославете го со некоја добра пита.