Лекување на ракот со терапијата на Рудолф Бројс

Велат дека голем број луѓе успеале да ги победат ракот и леукемијата со „тоталната терапија“ на Бројс. За што станува збор?

0
2343

Австриецот Рудолф Бројс е натуропат и автор на книгата „Рак, леукемија и други навидум неизлечиви болести“.

Во книгата наведува дека со неговиот метод до 1980. година излечил повеќе од 40 илјади болни од рак и други сериозни болести.

Неговата терапија е една од првите во видот „рак диети“, и се заснива на тоа што пациентот 42 дена во целост се одрекува од протеини (белковини) и на тој начин, клетките на ракот, со оглед на тоа што тој, според Бројс, живее на цврста храна земена во телото, сами ќе изумрат заради недостатокот од храната кој им е потребна.

За тоа време, здравите клетки пациентот ги снабдува со сокови од зеленчук и чаеви кои се сѐ што еден пациент има во својата исхрана 42 дена.

За Бројс, ракот е самостојна творба во телото, на која за раст и развој ѝ се потребни протеини кои се наоѓаат во цврстата храна, па може да се уништи со глад и внесување на сокови од органски одгледуван зеленчук.

Бидејќи тие не содржат протеини, телото ќе почне да ги црпе од туморот, што на крајот ќе доведе до негово разградување. Бројс користи сок од коренест зеленчук.

Еве како според Бројс треба да изгледа дневното мени на „рак-терапијата“ на Рудолф Бројс:

Соковите од коренест сиров зеленчук (исклучиво органски, не смее да содржи целулоза, дрвенестите делови од зеленчукот. Се подготвуваат секој ден свежи: цвекло (300 ml), морков (100 ml), целер (100 ml), црна ротква (30 ml), компир (30 ml).

Во ист сооднос мора да се подготвуваат и чаеви – колку ќе испиете од еден, толку мора да испиете и од вториот и од третиот, а тоа се: жалфија, медуника (Pulmonariae herba) и здравец.

Наутро, попладне и навечер, без шеќер или која било друга храна или пијалок, се зема по пола литар сок и пола литар чај.

Клучно е соковите да бидат подготвени свежи и со проверено органско потекло. Целта е да се воспостави алкално кисела рамнотежа на крвта. (pH треба да е 7,4, но кај заболените лица е пониска).

Во текот на терапијата е потребно пациентите да се движат, а можат да изгубат и до 15 килограми.

Не е чудо што многу лекари не веруваат дека човек може да преживее 42 дена без протеини, но врз основа на сведочења се покажало дека може, а освен тоа и дека може да се победи ракот.

Секако, ова не гарантира лек, ниту пак чудо, а се советува консултација со лекарот за оваа терапија и да не се почнува на своја рака.

Бројс препорачува после 42 дена на оваа терапија да почнете постепено да воведувате полесна храна со помалку сол во текот на две или четири недели пред да се вратите на својата регуларна диета за заболени од рак.

Тој исто така советува после терапијата повеќе никогаш да не се јаде подгреана храна.