Ако имате намера да се храните поздраво, читајте декларации

Колку помалку состојки има во некој производ, толку е поприроден. Не ги купувајте оние кои содржат многу шеќери, масти и сол.

0
762

Ако имате намера да се храните поздраво, при купувањето задолжително обрнете внимание на една работа.

Читањето на декларациите на прехранбените производи станува сѐ поважно. Колку помалку состојки има во некој производ, толку е поприроден. Не ги купувајте оние кои содржат многу шеќери, масти и сол.

Што сѐ содржат солените стапчиња

Ако имаме намера да се храниме поздраво, при купувањето на производите во продавниците задолжително мора да обрнеме внимание на декларациите. Декларацијата се состои од листа на состојките и хранливите вредности на производот.

Дали постои метод со кој со брз поглед на декларацијата можеме да утврдиме дали е производот здрав или не?
Да ги земеме како пример соленките кои се омилени грицки и на децата и на возрасните.

На пакетчето пишува:

Состојки: пченично брашно, растително масло, морска сол, декстроза, средство за дигање на тесто E 503, регулатор на киселост E 524.
Хранлива вредност на 100 г: енергетска вредност 362 kcal; масти 6,4 g, од кои заситени масни киселини се 2,9 g; јаглени хидрати 64,5 g, од кои шеќери 1,5 g; белковини 9,6 g; сол 4,6 g.

Што значи целиот производ?

Усмерете го вниманието на листата на состојки. Тука мора да биде наведено сѐ што влегува во составот на тој конкретен производ, и тоа наведено според застапеноста: секогаш првата состојка е најзастапена во производот, а последната состојка е присутна во најмала количина.

Гледајќи во листата од состојки, запрашајте се следното:

1. Дали е ова цел производ? Mожеме ли да го препознаеме неговиот изворен, природен облик (на пример, дали расте во земја, дали е набран од стебло, и слично)? Ако е одговорот потврден, станува збор за цел производ. Декларациите на таквите производи најчесто содржат еден или само неколку состојки. На кесичката грав на пример, пишува: грав! Значи, тука станува збор за цел производ. Соленките секако дека не спаѓаат тука. Тие не само што не растат на гранка, туку ни двете главни состојки не се од цел извор, туку станува збор за избелено и преработено пченично брашно и високопротеинско растително масло, намирници кои не се воопшто целовити.
2. Дали е производот со растително или животинско потекло? Производите од растително потекло се главно поздрави од намирниците од животинско потекло, но секако, тука треба да се вклучи здравиот разум затоа што ако е нешто со растително потекло, тоа не значи веднаш и дека е здраво. Во оваа група спаѓаат и соленките.
3. Има ли во овие производи додадени масла? Ова прашање е посебно важно за оние кои се грижат за своето здравје или се лекуваат од некоја болест. Ако било кој вид на масло се наоѓа на листата на состојки, а особено ако е маслото една од состојките на почетокот од листата, подобро не го купувајте тој производ. Растителното масло е втора состојка на декларацијата на соленките, што значи дека не би требало да се најдат во нашата торба, барем не премногу често.
По одговарањето на наведнеите три главни прашања, ќе имате подобра слика за квалитетот на производот што го држите во рака. Но од декларацијата мора уште да дознаеме и дали произвцодот содржи додадени шеќери, сол или маснотии пред да донесеме заклучок за тоа колку е здрав за консумација. За да дозанеме мора да ги провериме податоците за хранливата вредност.

Колкав е процентот на маснотии во 100 грама производи?

Тука ќе ви помогне таблицата на хранливи вредности според интернационалниот стандард за означување на храна, која сѐ почесто се појавува и на макеоднските производи. Калориската вредност може да биде означена за количина од 100 г или за една порција или за двете. Така на соленките пишува: Содржина на калории во порција (20 g) – 70 калории, од тој број од маснотиите доаѓаат 10 калории.

Колку шеќер може да толерираме во намирниците …

Би требало да ги избегнуваме намирниците во кои повеќе од 15 отсто калории доаѓаат од маснотиите, а би било уште подобро кога би одбирале производи во кои најмногу 10 отсто калории доаѓаат од маснотиите. Значи, иако соленките ги сметаме за „диететска“ храна, во нив 15 отсто од калориите доаѓаат од мастите.

Колкав е процентот на сол во 100 грама производ?

Еве едноставно правило кое лесно ќе го запомните – намирници кои во 100 г содржат повеќе сол (во милиграми) отколку што содржат калории можат да се сметаат за производи со премногу додадени соли. Конкретно, 100 г солени стапчиња содржат 362 калории и 4,6 г сол (значи 4600 мг), што овој производ го категоризира како многу солен и непожелен за консумација.

Има ли во производот додадени шеќери?

Ако го земеме како пример сувото овошје, содржината на шеќер во таква намирница, секако, ќе биде висок, меѓутоа, со оглед на тоа што извор на шеќерот е целата намирница, тој не би требало да не загрижува сѐ додека овие намирници не ги јадеме во преголема количина. Но додадените шеќери се оние од кои треба да бегаме.

Тешко е од податоците на декларацијата да се одгатне која е граничната количина на додадени шеќери која би можела да се толерира. Затоа треба да се послужиме со здравиот разум. Да кажеме, дневниот внес на додадени шеќери не би требало да биде поголем од 5 отсто од вкуспното внесување на калории.

За просечна исхрана од 2000 калории дневно тоа изнесува 100 калории од дополнителните шеќери или околу 25 грама дополнителни шеќери дневно.

Ако во листата состојки постои било каков засладувач (од омразениот и штетен обичен шеќер и глукозен сируп до сорив шеќер од шеќерна трска, мед и екстракт од пченкарен слад), имајте на ум дека е сето тоа додаден шеќер!

Не им верувајте на натписите на предната страна од пакувањето

На пример, енергетска плочка од овесни снегулки содржи во себе 6 грама додаден шеќер, а една лименка газиран напиток 40 грама. Избегнувајте ги производите кои во листата состојки содржат засладувач, особено ако се тие наведени помеѓу првите на листата!

Освен наведените параметри кои ќе ви помогнат да одгатнете какви производи купувате, мудро е да послушате уште еден совет: никогаш не им верувајте на натписите кои се наоѓаат на предната страна од пакувањето.

Натписите како „природен производ“, „без холестерол“ и слични се смао методи со кои производителите ве намамуваат да купите производ, а не ви кажуваат ништо за неговиот квалитет.

Кога станува збор за соленките, на предната страна од пакувањето стои ознаката: морска сол.

Каква врска има тоа со квалитетот на тој производ во контекст на страшно големата количина (4600 мг) сол која ја содржат 100 г стапчиња? Дали е навистина битно што е тоа морска сол, а не некоја друга: Секако дека не е.

Затоа, бидете претпазливи и скептични и внимателно читајте ги декларациите. Не заборавајте дека на најздравата храна не ѝ треба реклама, а на декларацијата на најдобрите производи стои само една состојка – оној што го купувате и кој го произвела природата!