Леб од банани

0
542

Состојки:

4 меки банани

200 г интегрално брашно

50 г кафеав шеќер или јаворов сируп

100 г путер

1 јајце

1 ванилин шеќер

½ кесичка прашак за пециво

Малку сол

Приготвување:

  1. Бананите згмечете ги со вилушка и направете од нив пире.
  2. Ставете го добиеното пире заедно со путерот, јајцето, шеќерот (или јаворов сируп) и ванилин шеќер и мешајте додека не добиете компактна смеса.
  3. Во смесата додадете брашно и прашак за пециво и убаво измешајте.
  4. Во тесен правоаголен лим з апечење истурете ја смесата и печете околу 35-40 минути на 170°C во претходно загреана рерна.

По желба, во лебот можете да додадете и суво овошје или рендано црно чоколадо.