Слатки печива со јаболки

Овие неодоливи печива можете да ги послужите за појадок со путер.

0
326

Состојки:

1 јајце
125 мл грчки јогурт или матеница
1 лажица мед
450 гр брашно
1 прашок за печиво
½ лажичка мелен цимет
малку сол
100 гр путер
300 гр јаболка

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 220° С.
Изматете ги јајцата заедно со јогуртот и медот и оставете ги на страна.
Измешајте брашно, сол, цимет и прашок за печиво. Додадете го сечканиот путер и измешајте така за да се формираат трошки.
Изрендајте ги јаболката, ако се домашни, не ги лупете. Додадете ги во смесата со путер и добро измешајте.
Потоа додадете малку од мешавината од јајца и направете тесто од кое ќе формирате мали печива.
Наредете ги печивата на плех и премачкајте ги со остатокот од смесата со јајца. Печете околу 15 минути.

Фото: Unsplash