Состојки:
4 меки банани
200 г интегрално брашно
50 г кафеав шеќер или јаворов сируп
100 г путер
1 јајце
1 ванилин шеќер
½ кесичка прашак за пециво
Малку сол
Приготвување:
- Бананите згмечете ги со вилушка и направете од нив пире.
- Ставете го добиеното пире заедно со путерот, јајцето, шеќерот (или јаворов сируп) и ванилин шеќер и мешајте додека не добиете компактна смеса.
- Во смесата додадете брашно и прашак за пециво и убаво измешајте.
- Во тесен правоаголен лим з апечење истурете ја смесата и печете околу 35-40 минути на 170°C во претходно загреана рерна.
По желба, во лебот можете да додадете и суво овошје или рендано црно чоколадо.