Кујна на тркала

0
372

Во Кичево денеска се одржа семинар во рамките на оперативната програма за развој на човечки ресурси, што е во рамки на поттикнување на социјалната инклузија под наслов „Кујна на тркала“, финансиран од Европската унија.

„Основна цел на проектот е креирање на можности за вработување на млади лица со попреченост и достава на топол оброк за стари и изнемоштени лица во рурални подрачја особено на територијата на општина Македонски Брод“, вели проект координаторот Ирена Бошески.

Главни цели на овој прект се зајакнување на капацитетите на младите лица со попреченост, потоа нивна поддршка како и креирање на работни места за нив. Со овој проект е предвидена помош и грижа за стари и изнемоштени лица кои живеат во планински рурани средини преку секојдневна посета и достава на топол оброк.