Брзи темни кекси со коцка чоколадо

Еве уште еден рецепт кој не бара голема вештина и многу време, а кога ќе ги гризнете, ве очекува и чоколадно изненадување. Во секое колаче додадете коцка црно чоколадо и уживајте во секое залче.

0
438

Овие колачи се прават брзо, а уште побрзо се печат и потребни се само 10 минути за да се испечат, а на листата на состојки нема ништо што ќе ве изненади или што ќе ви биде проблем да го набавите.

Состојки:

250 г брашно

100 г какао

1 лажичка сол

Лажичка сода

200 г путер

100 г шеќер во прав

100 г кафеав шеќер

2 јајца

1 лажичка екстракт од ванила

100 г црно чоколадо

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  2. Помешајте ги брашното, какаото, солта и содата.
  3. Измешајте 200 г омекнат путер со шеќер во прав и кафеав шеќер. Додадете ги јајцата, а потоа и ванилата и помешајте ја смесата со сувите состојки.
  4. Земајте од тестото со лажица и притиснете го со дланката. Во секое ставете коцка црно чоколадо и завиткајте.
  5. Печете ги 5-8 минути, оставете ги да отстојат малку во тепсијата и послужете.