Состојки:
800 г брашно
1 прашак за пециво
2 лажички цимет
2 лажички ѓумбир во прав
150 мл јогурт
10 урми
1 лажичка каранфилче
2 лажици какао
300 г маџун
250 г путер
4 јајца
по желба и доколку ви е смесата густа додадете свежо исцеден сок од портокал
Приготвување:
- Изматете ги јајцата и полека додавајте ги стопениот путер и млекото.
- Додадете ги во смесата и сувите состојки и на крајот помешајте ги маџунот и сечканите урми.
- Ставете се во подмачкан и побрашнет куглоф и печете околу 30-40 минути во загреана рерна на 200 степени.
4. Извадете го од рерна и оставете го да се олади, а потоа превртете го на чинија и поросете го со малку шеќер во прав.