Состојки:
6 круши средни, излупени
црвено вино
160 гр шеќер
кора од цимет
каранфилче
1/2 морско оревче рендано
1/2 гранче ванила
Приготвување
1. Наредете ги крушите во длабок сад и залејте ги со вино, да ги прекриете крушите. Додајте шеќер и сите зачини и варете додека крушите омекнат.
Кога ќе се сварат, извадете ги крушите и ставете ги во чинија.
2. Остатокот од виното варете го додека згусне и со него прелијте ги крушите. Можете со овој десерт да послужите и топка сладолед од ванила.