Спанаќ со наут

0
978

Состојки:

230 гр наут, сварен
6 лажици маслиново масло
450 гр спанаќ
2 филии леб на коцки без кора
120 гр сос од домати
3 чешниња лук
½ лажичка мелен ким
зрна црвен пипер
1 ½ лажица црвен вински оцет
½ лажичка црвена пиперка
сол
црн пипер
сок од лимон

Приготвување:
1. Загрејте маслиново масло, па додајте го спанаќот со малку сол. Кога ќе омекнат листовите тргнете го од огнот.

2. Загрејте уште две лажици масло и испржете го лебот околу 5 минути, па додајте го остатокот од маслото и лукот, кимот и пиперот. Пржете една минута. Префрлете во процесор заедно со оцетот и измешајте.

3. Сипете ја смесата во лонец и измешајте ја со наутот и сосот. Додајте го спанаќот и пропржете малку. На крајот додадете мелена црвена пиперка.