Состојки:
1 пакет одмрзнато лиснато тесто
2 круши
2 лажици путер
⅓ шолја кафеав шеќер
1 јајце
½ шолја горгонзола
3 лажици ореви
Сол
Приготвување:
1. Во рерна ставете ја тепсијата за печење покриена со харѕтија за печење и загрејте ја на 180 степенои. Расуканото тесто поделете го на четири еднакви делови и отгкако рерната ќе се загрее, ставете ги на тепсијата за печење. Внимавајте помеѓу секое парче лиснато тесто да оставите доволнпо простор за да не се спојат во едно во текот на печењето.
- Секоја круша исечете ја на четвртини и извадете ги семињата и секоја четвртина исечете ја на три или четири парчиња. Исечените круши, 2 лажици путер, кафеав шеќер и малку сол динстајте во мал сад за варење на средна температура. Се заедно држете околу 5 минути или додека не забележите дека крушата го отпуштила сокот и со останатите состојки создала смеса која наликув на сируп.
- Проварената смеса со круши отавете ја да се лади пет минути, а во меѓувреме со изматеното јајце премачкајте ги рабовите на лиснатото тесто.
- Парчињата круши ставете ги на секое од парчињата запечено и со јајце премачкано лиснато тесто и потоа прелијте го со сирупот која настанал по варењето на крушите.
- Се заедно печете околу 15 минути на 180 степени. Откако ќе ги извадите од рерна, поросете ги со ситно исечкани ореви и здробени парчиња горгонзола.