Освен што една рака бадеми на ден може да ви бидат вкусен штит од болестите на крвотокот, тие ги подобруваат и варењето, расположението и помнењето. Со редовна консумација можете да го зајакнете својот имунитет и сексуалната желба. Со оглед на тоа што се и неверојатно вкусни, време е грицкањето на бадеми да ви стане навика. Бадемите се дел од многу вкусни солени и благи комбинации.
Состојки:
1 шолја бадеми
1 лажичка маслиново масло
1 лажичка рузмарин
1 лажичка црвен мелен пипер
Прстофат сол
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Измешајте ги во еден сад бадемите и зачините и распоредете ги врз хартија за печење.
- Печете околу 15 минути.
- Вака приготвени можат да стојат во стаклен сад и до две недели.