Модри домати: малку калории, многу здравствени предности

0
1536

Модрите домати кои во лето ги има во изобилие и се меѓу најефтините намирници од кои може да се направи вкусен оброк, се исклучително здрави, а кога ќе прочитате за што сѐ се добри, веројатно ќе ги ставате малку почесто на менито.

Помагаат за намалување на килограмите

Модрите домати содржат голем процент на вода и спаѓаат во нискокалорична храна. Ова ги прави идеални за оние кои внимаваат на исхраната и сакаат да ја намалат телесната тежина. Една шолја содржи само 35 калории што е исклучително малку ако се земе предвид нивната хранлива вредност. Сунѓерастата структура овозможува да ги приготвувате на разни начини, без исушување.

Одлично е за здравје на срцето

Со неговата консумација можеме да го намалиме нивото на лошиот холестерол во крвта, да го подобриме здравјето на артериите и да ги опуштат напнатите крвни жили.

Помага за здравјето на мозокот

Високиот процент на фитонутриенти во патлиџанот помага за здравјето на мозокот штитејќи го од слободните радикали и останатите штетни влијанија. Патлиџанот содржи комплекс витамини Б кои ја ублажуваат телесната и менталната тескоба. Затоа е добро да се јаде со минимум термичка обработка.

Богат извор на калиум

Калиумот е неопходен за одржување на здрав крвен притисок и помага за спречување на болестите на непцата. Клучна компонента е во борбата против воспалението на непцата и артериите.

Има висок процент на GABA аминокиселини

GABA  (гама-аминобутерната киселина) e аминокиселина која ја намалува анксиозноста, го подобрува сонот и ги забавува мислите.

Го спречува настанувањето на ракот

Некои истражувања покажуваат дека сокот од модри домати може да го намали ризикот од настанок на ракот. Имено, патлиџанот содржи трипсин за кој се верува дека помага во неутрализација на клетките кои предизвикуваат рак.

Им помага на заболените од дијабетес тип 2

Патлиџанот содржи голема количина влакна кои го намалуваат нивото на глукоза во крвта, што е добро за дијабетичарите.

Помага при опстипација

Ова е идеална намирница против запек заради големата количина на влакна. Влакната од зелечнукот ги чистат цревата од токсини и го поттикнуваат варењето.