Крем супа од моркови и праз

0
531

Состојки:

Маслиново масло

1 праз исечкан на тркалца

6 моркови исечкани на тркалца

Сол

3 шолји вода

Магдонос

Семки од тиква

Приготвување:

  1. На маслиново масло, на најниска температура, динстајте го празот околу 4-5 минути, колку да омекне.
  2. Додадете ги морковите, динстајте кратко, па додадете ја водата, посолете и варете се заедно додека морковите не омекнат.
  3. Тргнете го тенџерето од оган и измешајте со миксер или здробете со дробилка за компир-пире.
  4. Послужете ја топла, поросена со семки од тиква и сечкан магдонос.