Крамбл со јагодиии

0
238

Доколку ви текне да си направите крамбл навечер за да имате следниот ден готов десерт, ќе згрешите! Нема да можете да му одолеете и ќе го наполните стомакот пред спиење, што не е баш препорачливо, а доколку оставите нешто и за следниот ден, нема да е толку вкусно како кога е се уште топло. Инаку, крамбл можете да правите со секакво овошје по ваш избор и во зависност од сезоната.

Состојки:

100 г интегрално брашно (или друго по избор)

200 г мусли

100 кафеав шеќер

500 г јагоди

200 г путер

1 лажица густин

Павлака за послужување

Приготвување:

  1. Јагодите измијте ги и исечкајте ги на половинки или на четвртинки и наредете ги во тепсијата за печење. Доколку не се благи, наросете одозгора малку шеќер и ставете една лажица густин.
  2. Муслите, брашното и ладниот путер исечкан на коцкички помешајте ги со така. Ќе добиете смеса од трошки кои ќе ги распоредите врз јагодите.
  3. Печете околу 30-40 минути.
  4. Послужете го топло со малку кисела павлака.