Состојки:
3 средни јаболка, излупени и ситно исечкани
1/2 чаша шеќер
1 лажиче цимет во прав
Стопен путер
тесто за пита
кафеав шеќер за поросување
За преливот:
1 чаша шеќер во прав
2 лажици млеко
2 лажички пченкарен сируп
1/2 лажица ванила
Приготвување:
Во мала чинија измешајте ги заедно шеќерот и циметот.
Измешајте ги јаболката со мешавината на цимет и шеќер
Развлечете ја кората и премачкајте ја со растопен путер.
Распоредете ги јаболките насекаде рамномерно за да бидете сигурни дека нема да создадете дебел слој.
Исечете ја кората на околу 6 ленти и цврсто завиткајте ги и наредете ги врз хартија за печење.
Поросете ги со кафеав шеќер и печете околу 20 минути на 180 степени.
Направете го преливот. Измешајте заедно шеќер, млеко и ванила, додека не се изедначи смесата. Додадете пченкарен скроб и промешајте, па прелијте ги колачите.
Apple Pie Cookies
Posted by Twisted on Недела, 05 август 2018