Едноставно ќе си ги изматите основните состојки, јајца, кафеав шеќер или мед, брашно, зејтин и јогурт, ќе ставите овошје и се друго што ќе ви падне на памет и ќе испечете.
Состојки:
4 јајца
100 г кокос
150 мл маслиново масло или 150 г растопен путер
200 мл јогурт
Овошје по избор
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
Малку цимет
70 г кафеав шеќер
350 г брашно
Приготвување:
- Значи, како што рековме, сите состојки се матат…најпрвин мокрите па им се додаваат и сувите состојки.
- Половина од смесата се става во подмачкана тепсија, па се става овошјето исечкано на помали парченца (во случајов, јагоди), се става и остатокот од смесата и повторно јагоди.
- Се пече во загреана рерна околу 30-40 минути, во зависност од рерната.
- Сервирајте со уште многу многу сезонско овошје