Кокосовиот орев е непроценлив дар од природата кој наоѓа примена во кулинарството но и во козметиката и медицината.
Расте на палми високи и до 30 метри кои според видот и возраста даваат од 5 до 150 плодови годишно. Обично секој кокосов орев тежи 2, 5 кг. Плодовите растат во гроздови од по 5-6 скриени по гранките. Покриени се со дебела обвивка која е многу тврда и содржи белковини.
Кокосовиот орев е средно голем зелен плод во кој се наоѓа голем орев со три вдлабнатини. Во внатрешноста се наоѓа бел јадлив дел кој е познат како копра. Копрата е извор на кокосовото млеко и на кокосовото масло, а кога ќе се исуши може да се изренда во кокосово брашно.
Внатрешноста на кокосовиот орев има боја од бела до жолта, со дебелина помеѓу 6 и 12 мм. Од еден орев можат да се добијат 80 до 500 грама копра. Во внатрешноста на кокосовиот орев се наоѓа уште и течност – кокосово млеко. Тоа се пие само кај недозреан плод, зата што може да предизвика вознемиреност. Кокосовата вода која се наоѓа во внатрешноста на оревот не треба да се меша со кокосовото млеко. Оваа вода е чиста и може да ја затоми жедта. Пред да созрее потполно, кокосовиот орев содржи кокосово млеко кое е слатка и безлузлава течност. Со созревањето на оревот, таа течност се стврднува и е всушност ароматична, бела и тврда внатрешност на кокосовиот орев.
Денеска најголеми плантажи на кокос на светот и најголеми извозници на кокосов орев, како и на неговите деривати, се Филипинците. Тоа е единствена држава на светот кадешто кокосовото масло е основна маснотија за готвење. Други големи производители се Папуа Нова Гвинеја и Соломонските острови.
Состав
Кокосовиот орев содржи околу 5, 8% вода, 67% маснотии, 16.5% јаглени хидрати, 8.9% белковини.
Кокосовиот орев е исклучително богат со калиум, железо, магнезиум, натриум, фосфор, бакар и цинк и витамини од групата Б. Кокосовиот орев е богат со протеини и со влакна и има голема разновидност од витамини како што се Ц, Е, К, фолна киселина. Сокот од кокос не содржи маснотии и е нискокалоричен – во 100 мл има само 16, 7 калории. За разлика од него кокосовото млеко е многу масно и содржи голема количина калории. Кокосовото млеко е вреден извор на голем број аминокиселини, витамини иаскорбинска киселина. Меснатиот дел од свеж орев содржи приближно 33% чисто кокосово масло и има многу мала количина јагени хидрати. Основни состојки на кокосовото масло се лауринската, каприлската и капринската киселина.
Како да одберете
Кога сакате да купите добар кокосов орев, внимавајте да е полн и тежок, без пукнатини, а кога ќе го тресете треба да се слуша како се движи течноста во неговата внатрешност. Загледајте се добро во трите вдлабнатинки кои треба да се здрави и без мувла. Дури после отварањето можете да утврдите дали е внатрешноста горчлива. Најлесно може да се скрши со кујнски месарски нож.
Може да се чува доста долго. Ако е здрав може да издржи до два месеци на собна температура, понекогаш и повеќе. Отворен кокосов орев задолжително треба да се чува во долната фиока од фрижидерот која се затвара. Исушениот кокосов орев практично нема рок на траење, треба само да е добро затворен и спакуван на ладно место.
Употреба
Течноста на кокосовиот орев може да се извлече ако трите дупчиња се издупчат со шило. Инаку, таму кадешто растат кокосовите ореви, откако ќе паднат од палмите, се отвараат и се оставаат на сонце неколку часа. Кога внатрешноста ќе почне да се одојува од обвивката, таа се отстранува и се криши на помали парченца кои се сушат барем една недела. Обично кокосовиот орев прво се мели во фино брашно, кое се загрева до 125 степени и минува низ преса. На тој начин се добива кокосово масло кое се рафинира за да се прочисти. Таа суровина наголемо се користи во кулинарството во козметичката индустрија.
Кога ќе се изренда и ќе се свари во зовриена вода, се добива путер кој се користи како маснотија за готвење. Често со него се приготвуваат супи, сосови, јадења и десерти. Кокосовата вода и кокосовото млеко најмногу се користат во супите и сосовите. Изренданата внатрешност одлично оди со пилешкото.Кокосовото брашно е одлично за разни слатки.
Користи од кокосовиот орев
Според најновите истражувања може да помогне при слабеење. Ако кокосовото масло го вклучите во секојдневното мени,тоа делува на побрзо согорување на калориите бидејќи го забрзува метаболзимот. Како резултат на ова се зголемуваат енергијата и виталноста.
Месестиот дел од кокосовиот орев се користи за унишување на цревни паразити, з аослеснување на запек и за градење мускулна маса кај уморни и слаби луѓе. Кокосовата вода се користи кај инфекции на бубрезите и бешиката, а кокосово млеко се дава за стомачни чиреви и воспалено грло. Низа други истражувања потврдуваат дека кокосовиот путер го регулира нивото на инсулин во крвта и штити од појава на дијабетес. Делува благотворно на функцијата на тироидната жлезда, го стимулира кардио-васкуларниот систем. Исто така, е моќно средство при лекување на нервни пореметувања, венерични и уролошки болести. Му помага на организмот подобро да го апсорбира калциумот, а лекарите го препорачуваат неговото користење за профилактика на остеопорозата, за зацвсртување на коските и забите.
Лауринската, каприлската и капринската киселина на кокосовиот путер делуваат антимикробно, антибактериски, противгабично и противвоспалително, имаат благотворен ефект на здравјето. Ауриновата кислеина се содржи во приближно 50% масни киселини од кокосовиот путер. Силно антимикробно средство е кое помага кај тешките бактериски, вирусни и габични инфекции.
Оваа сировина од кокосовиот орев уништува бактерии, чиреви, воспаление на белите дробови, инфекции на грлото и системот за варење, гонореја и други заболувања. Има податоци дека кокосовиот путер помага кај астма, рак и туберкулоза.
Фото: Pixabay