Ги додаваме во многу празнични колачи, а не ни знаеме колку се добри

Прва асоцијација за празниците кои доаѓаат на сите ни се циметот и каранфилчињата, но и за рогач и мак. Што знаете за нив?

0
469

Од неодамна пвторно го откривме рогачот кој порано го јадевме и онака, директно од дрво. Рогачот е праисториско стебло. Потекнува од северна Азија, како и од источното Средоземје кадешто денеска се одгледува, а расте и див во многу негови краишта. Плодовите од рогач се врзуваат со арапската кулинарска традиција. Од мешунките на рогачот се прават различни напитоци и слатки.

Составот на рогачот е навистина интересен. Повеќе од 50 проценти од неговата маса се јагленохидратите, првенствено сахарозата и глукозата. Оттука слаткиот вкус на рогачот што го става во редот на природните засладувачи. Со вкус сличен на какаото, а со многу ниска содржина на масти, рогачот често се користи како здрава замена за чоколадо. Освен тоа, во него има во изобилие калиум и калциум. Тука се и железото, манганот, цинкот, бакарот, а содржи и нешто белковини. Не смее да се занемари присутноста на фенолни компоненти со позитивно дејство врз нашето здравје.

Рогачот се меле во брашно и тоа е незаменлив дел ид многу прехранбени производи декларирани како функционална храна. Се додава во тестенините  и во диететските производи. Не содржи глутен па често се наоѓа во сотав на намирницте наменети за лицата со целијакија.

Гумата од семките на рогачот во прехранбената индустрија се користи како згуснувач во производството на млечни и сувомеснати производи.

Инаку, рочагот содржи и значајна количина топливи влакна. Благодарение на тоа го забавува варењето на консумираната храна и апсорпцијата на хранливите материи кои ги содржи. Тоа на крајот ја снижува концентрацијата на масти и глукоза во крвта што позитивно се одразува на здравјето. Освен тоа, активната материја од рогачот позната како пинитол придонесува за регулирање на концентрацијата на шеќер во крвта.

Покрај топливите, во рогачот има и нетопливи влакна кои придонесуваат за здравје на дебелото црево.

Рогачот би требало пчесто да се консумира, а ако го додадеме во Божиќните и новогодишните колачи,  тие сигурно ќе станат и поквалитетни и поздрави.

Потекнува од Азија. Незрел се користи во производството на опиум. Веројатно неговиот чудесен ефект го разбудил интересот кај прачовекот (ловец и собирач на јадливи билки). Археолошките наоди кажуваат дека древните Египјани го користеле незрелиот мак во лекувањето на разлини болести.

Секако, во приготвувањето пекарски производи и колачи, се користи зрел мак кој не содржи материи со наркотично дејство. Наспроти тоа, богат е со влакна и со белковини, а тука с еи минералните материи како калциум, фосфор, калиум, железо, манган, магнезиум и цинк. Во макот има и прилична количина масти во кои преовладува линолна киселина која придонесува за снижување на концентрацијата на холестерол во крвта. Освен тоа, во народната медицина макот се користи против запек, и астма. Од присутните антиоксиданси значајно место заземаат токоферолите кои спречуваат оксидација и расипување на мастите.

Со оглед на тоа што е макот богат со масти би можело да се каже дека не е сеедно како се однесуваме кон него. Првенствено мора да го чуваме на ладно и суво место и да внимаваме да го потрошиме во текот на рокот на траење. Кој мак да го купуваме? На пазарот може да се најде мак во зрно, како и мелен. Мелениот мак е оштетен. Неговите масти се незаштитени што ги прави подложни на оксидација и расипување. Затоа е најдобро да се купи мак во зрна па дома да се смеле во мелница за шеќер или кафе.