Кое овошје и зеленчук се најзатруени годинава?

И оваа година листата на овошје и зеленчук кои се најмногу затруени е очекувана и повторно на нејзиниот врв се јагодите, спанаќот и келјот.

0
809

Еколошката работна група (EWG) секоја година објавува листа од намирници кои содржат најмногу пестициди. И оваа година листата е очекувана.

Најлоши се: јагодите, спанаќот и келјот. „Изненадени сме што келјот содржи толку пестициди, но резултатите на ова истражување се недвосмислени“, рекол токсикологот од Еколошката работна група Алексис Темкин.

Преполни со отрови се и нектарините, јаболката, грозјето, праските, црешите, крушите, доматите, целерот и компирите.

Најмалку затруени се авокадото, пченката, грашокот, кромидот, папајата, модрите патлиџани, шпарогите, кивито, зелката, крфиолот, тиквичките, брокулите, печурките и дињата.

Фото: Pixabey