Еколошката работна група (EWG) секоја година објавува листа од намирници кои содржат најмногу пестициди. И оваа година листата е очекувана.
Најлоши се: јагодите, спанаќот и келјот. „Изненадени сме што келјот содржи толку пестициди, но резултатите на ова истражување се недвосмислени“, рекол токсикологот од Еколошката работна група Алексис Темкин.
Преполни со отрови се и нектарините, јаболката, грозјето, праските, црешите, крушите, доматите, целерот и компирите.
Најмалку затруени се авокадото, пченката, грашокот, кромидот, папајата, модрите патлиџани, шпарогите, кивито, зелката, крфиолот, тиквичките, брокулите, печурките и дињата.
Фото: Pixabey