Иако за повеќето видови овошје и зеленчук важи дека се подобри кога се сирови, некои видови зеленчук се сепак поздрави сварени затоа што во процесот на варењето се разбива нивната силна клеточна структура, па организмот полесно може да ги апсорбира вредните состојки.
На пример, варениот кељ (се мисли на здравите начини на варење, на пример, на пареа или пак кратко варење во малку вода) е поздрав од сировиот кељ, но затоа пак, сировиот кељ е поздрав од оној што е пржен во длабоко масло.
Спанаќ
Организмот полесно ги апсорбира калциумот, железото, магнезиумот, лутеинот и антиоксидансите како бета каротинот кои овој зеленчук ги содржи кога ќе се свари. На пример, со варењето на спанаќот тројно се зголемува количината на калциум.
Кељ
Сировиот кељ е многу тежок за варење. Исто така, варењето го зголемува нивото на витамини А и К и влакната во кељот.
Печурки
Термичката обработка на печурките не само што е поздрава туку е и побезбедна. Постојат неколку видови печурки кои смеат да се јадат само варени, а дури и оние кои смеат да се јадат сирови, во таа состојба тешко се варат. Печурките имаат многу силна клеточна структура, па готвењето помага да се апсорбираат хранливите состојки кои се скриени во нив, ги прават полесно сварливи и ги убиваат токсините кои можат да ги содржат.
Домати
Со готвењето се зголемува нивото на ликопен кој доспева во организмот. Од сировиот домат во организмот доспеваат само 4 отсто од овој антиоксиданс кој истражувањата го доведуваат во врска со понизок ризик од срцеви болести и канцер.
Моркови
Бета каротенот, антиоксидансот од морковите кој организмот ги претвара во витамин А, помага за подобар вид. Сировите моркови се некогаш тешки за варење, додека варените не само што се полесни за варење, туку и нивната интуитивна вредност е поголема.