Состојки:
За околу 12 лажици
1 подготвена кора од тесто
крем сирење
5 суви домати
1 млад кромид
Неколку листови босилек
3 варени јајца
3 шери домати
Приготвување:
Расукајте го тестото врз хартија за печење и ставете врз него неколку мали лажички, па исечете го тестото околу нив, а остатокот од тестото повторно соединете го и расукајте го во нова кора и повторете ја постапката.
Печете ги на температура од 180° Ц околу 10 минути. Оставете ги лажиците на површината на лиснатото тесто – кората од тестото ќе се затегне околу нив, што ќе им ја даде нивната убава заоблена форма на лажица.
Во меѓувреме, подгответе го полнењето. Измешајте го крем сирењето со сувите домати.
Кога ќе ги вадите печените лажици правете го тоа внимателно за да не ги искршите.
Откако ќе се изладат, наполнете ги лажиците со приготвениот фил.
Украсете ја секоја лажица со четвртинка варено јајце, парченце шери домати, малку зелен кромид и ливче босилек.