Нов тренд во гастрономијата: Тестенини во боите на виножитото

Линда Милер Николсон изработува различни видови на тестенини, особено равиоли и тортелини кои иако изгледаат неверојатно со своите вибрантни бои, во себе немаат никаква хемија.

0
154

Како и во сите други области, и во гастрономијата постојат своевидни трендови кои со еднаква брзина доаѓаат и проаѓаат.

Но на цена се секогаш иновативноста во техниките на подготвување и сервирање, смело комбинирање на вкусови и намирници, и како и секогаш добар спој на модерното и традиционалното.

Сето тоа го знае Линда Милер Николсон која сето внимание го усмерила на тестенините, особено на равиолите и тортелините. Не само што ги изработува рачно, туку им подарила и една необична нота, боите на виножитото.

Novi trend u gastronomiji: tjestenina u duginim bojama (фото 2)

Нејзините тестенини изгледаат како мали уметнички дека, па во нејзиниот опус можете да видите розево-сини-виолетови-зелени тортелини или пак двобојни равиоли.

Кога ќе го видите тоа што го подготвува, ќе сфатите дека на нејзината креативност во целиот тој процес, ѝ нема крај. Вибрантните бои ги добива од одделни намирници, и во целиот процес на изработка нема никаква хемија.

Novi trend u gastronomiji: tjestenina u duginim bojama (фото 3)

Како што истакнува, нејзините тестенини за жал не можете да ги купите, ниту пак таа самата готви по ресторани. Но она што може да ви понуди, се рецептите врзани за споменатите тестенини кои ќе ги има во нејзиниот готвач што го приготвува под називот „Pasta, Pretty Please“, која ќе биде објавена во октомври оваа година.

Novi trend u gastronomiji: tjestenina u duginim bojama (фото 5)