Капиротада – мексикански леб-пудинг

0
262

Состојки:

1 помала векна стар леб исечена на коцкички (околу 6-7 шолји)

4 шолји млеко

3 јајца

1 шолја жолт шеќер

2 лажици екстракт од ванила

1 шолја суво грозје

Кикирики (или ореви)

1 лажичка цимет

Малку мускатно оревче

Ореви по желба

3 лажици стопен путер

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200°C. Ставете го млекото во поголем сад за мешање и додадете го исечениот леб. Притиснете го лебот со раце за да го впие млекото.
  2. Во друг сад измешајте ги јајцата, пола шолја шеќер, ванилата и зачините. Ставете врз лебот, додадете го сувото грозје (по желба можете да додадете и брусници) и кикириките (или оревчиња) и внимателно измешајте.
  3. Истурете го подготвенуиот сируп од жолт шеќер и цимет и стопениот путер и намачкајте го садот за печење. Ставете ја смесата и печете околу 30-40 минути.